Вести Економија Македонија

За партиско-директорско самоволие во контролата на летање, надлежните велат решен е проблемот со испраќање на најквалитетните кандидати за контролори

Надлежните сметаат дека проблемот е решен бидејќи директорите на М-НАВ кои се бираат на коалициски средби ја исправиле грешката и на обука не ги пратиле своите блиски по род и партија кандидати туку најквалитетните.

Проблемот го откри синдикатот на контролата на летање (М-НАВ) и следуваа оставки од шефовите кои требаше да добијат неспособни колеги кои паднале на тестот од данските експерти и да бидат вработени во ресор каде треба да обезбедат безбеден авионски сообраќај.

Тројцата директори се повикани да одат на реферирање во владата. Засега нема никаква одговорност од нив или барање за смена односно оставка поради огромниот скандал.

М-НАВ или македонска навигација е контролата не летање која добива одговорности и плати  според европските стандарди поради што е посакувано работно место. Од друга страна, М-НАВ со години го следат контроверзи. Во еден случај за модернизирање со европски пари, беше вплеткан и тогашниот генерален секретар на владата Драги Рашковски.

Кредитот поради кој се плаќаат пенали се уште не е реализиран, а не е изградена ниту новата зграда на контролата на летање. За тој случај активна постапка се води во антикорупциската комисија.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе