Вести Економија Македонија Најважни

Топланите Исток и Запад не смеат да користат дизел за топлинска енергија – ЕСМ сепак ќе прави тест проби

Топланите Исток и Запад не смеат да користат дизел гориво за испорака на топлинска енергија.

Ова за Телма го потврди првиот човек на министерството за животна средина, Насер Нуредини.

Тој објаснува дека дозволата која ја имаат овие два објекти предвидува тие да работат на гас, а во случај на пазарот да го нема овој енеегенс,  алтернативата е да се користи мазут и тоа краток период.

За употреба на друго гориво, мора да се поднесе барање за измена на дозволата. Постапката е исто како да се вади нова дозвола и трае 90 дена.  Нуредини инсистира се додека има гас да се користи за загревање, затоа што со тоа ќе се заштити и животната средина и здравјето на луѓето.

„Дозволата преДвидува може да користи мазут за 10 дена максимално  ако има хаварија со гас,  а дизел сега за сега во дозвола не пишува тоа дека можат, а за измена на некое гориво мора да се направи измена на дозвола, а јас колку што знам сега за сега барање за измена на дозвола не е поднесено, најважно е да се користи гас ако има гас, вели Насер Нуредини, министер за животна средина.

Ги прашавме и ЕСМ каква дозвола имаат овие топлани, дали истите  имаат заштитни филтри, и дали ќе  ги тестираат  на дизел.

Но, во одговорот на компанијата главно се зборува за најавените тест проби, без да потенцираат дали овие топлани имаат филтри.

„Целта на тест периодот е да се осигура дека Скопје ќе има парно греење во текот на целата сезона, без оглед какви ќе бидат условите на снабдување на пазарот со гас, односно дали гасот ќе биде достапен или дали ќе се случат енормни покачувања на цената кои ќе го направат недостапен за набавка. Уште еднаш повторуваме, топланите оваа грејна сезона ќе работат на гас, додека во еден кус период системот ќе се тестира за да бидеме подготвени и за други сценарија. Сите постапки и процедури ќе бидат запазени согласно законските прописи, а истите ќе одат во забрзани постапки со оглед на прогласената кризна енергетска состојба“ – се вели во дописот од ЕСМ.

Познавачите на оваа проблематика за Телма велат, како е можно да се прави проверки ако животна средина тврдат дека  според дозволата не смеат да користат вакво гориво за греење.

„Ако од министерството  за животна средина тврдат дека нема дозвола за  да користи дизел,  во тој случај ЕСМ, не треба  да прави проба, ниту еден ден , а не десет дена. Не гледам логика да врши тестирање со нафта ако нема дозвола да ја користи“ – вели за Телма, Ристо Цицонков, универзитетски професор.

Во меѓувреме се трошат последните количини  на гас , кои  беа обебзедени на почетокот на месецов и се доволни до 15 ноември.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе