Вести Економија Најважни

Финансова трага, но засега нема кривични пријави за „шемаџиите“ кои го злоупотребиле ДДВ-то

Фирмите „шемаџии” кои со месеци црпат струја од домаќинствата треба да одговараат за злоупотреби со плаќање на ДДВ, велат од министертвото за економија. Појаснуваат дека тие со префрлањето на регулираниот пазар наместо 18, ДДВ за струја плаќале 5 отсто како и домаќинствата. Со тоа му нанеле штета на буџетот. Од Министерството за економија очекуваат сега УЈП и Финансиската полиција да ги преземат работите во свои раце.

Надлежните  предупредија, ако по први декември овие фирми не се вратат на слободниот пазар, ЕВН ХОУМ ќе им ја исклучи струјата.

Присуството на големи фирми на пазарот, од каде со струја се снабдуваат домаќинствата и малите потрошувачи, може да направи сериозен притисок врз цената за граѓаните од први јанаури. Сепак, од економија уверуваат дека и електричната енергија и парното догодина нема драстично да поскапат. Велат дека е можно дури да има поевтинување.

Телма веќе објави дека околу 2.500 фирми смислиле итар план за да дојдат до поевтина струја.  Нивните броила ги префрлале на физички лица, или на фирмата ќерка која ја формирале за да може да дојдат до струјата од регулираниот пазар. Станува збор за промена на сопствеништво на околу 3.000 струјомери.

Моделот за да ги скусат трошоците за електирчна енергија,  се користи уште од февруари. Прво го применувале општините,  а потоа и компаниите. За ова од РКЕ и економија ги известиле УЈП и Финансиската полиција и по неколку месеци молк, инистуциите одлучија да ја спасуваат струјата која наместо граѓаните ја користеле фирмите „шемаџии”.

Листата на фирми е долга, но ниту една институција не сака да ја објави во јавноста, eдинствено се споменуваат општините, но не се зборува и за имињата на големите компании.

Откако цената на струјата на берзите почна неконтролирано да расте, околу 12 илјади потрошувачи пребегаа на регулираниот пазар, и со тоа им се отвари патот да користат субвенционирана струја, како за домаќинствата и за малите потрошувачи.

Индустриски компании, ланец маркети, аптеки, казина, осигурителни компании, мобилни оператори, речиси сите општини, се само дел од оние кои го изиграле законот и дошле до поевтина струја.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе