Вести Економија

Европската струја годинава недостапна, целокупната побарувачка мора да се покрие од домашно производство

Европската струја годинава недостапна. И да се јави потреба MЕПСО нема да може како лани, електрична енергија да влече од европската мрежа, затоа што на пазарите има сериозни недостаотци од струја. За ваквата состојба преносниот систем ги известил надлежните.

Минатата година за потребите на трговците со струја, МЕПСО влечеше струја од европската мрежа, но, сега со месеци не може да ги наплати парите од овие компании.

Фирмата на синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери, за оваа струја кон МЕПСО должи над 7 милиони евра, но никако да го врати долгот.

Освен овој  трговец со струја, за балансираната енергија долг имаат и уште две фирми, „Мист Енерџи“ и „Енергија гас и Повер“. Но, цехот кој треба да го плати „У Повер“ е најголем.

Сите три компании добија и забрана за тргување со струја, но некои најдоа начин и повторно се вратија во игра. Тоа се случи со „Мист Енерџи“. Фирмата, иако има милионски долг кон МЕПСО и доби забрана за тргување, формираше нова компанија „Мист Енерџи Еко“ ДОЕЛ и повторно се врати на пазарот.

Од РКЕ тврдат дека проблемите од минатата година, нема да се дозволи да се повторат. Од комисијата најавија поригорозни мерки за фирмите трговци со струја.

Бислимовски уверува дека се работи и на тоа, сите кои ќе сакаат да тргуваат со струја да мора да имаат и повисоки банкарски гаранции, а не со гаранции на мали износи да прават милионски долгови кон МЕПСО, како што се случуваше до сега.

Инаку, трговците со струја за да не плаќаат електрична енергија по далеку повисока цена, ја користеа балансираната од МЕПСО,  која пак ја влечеше од европската мрежа и се доведе во ситуација да добие опомена и можност да се плаќаат пенали.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на заеднички настапи на нашите оркестри – рекоа од македонската, софиската и грчката филхармонија пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе