Вести Економија Најважни

ЕСМ далеку од производство со полн капацитет, струјата ќе поскапи поради фирмите „шемаџии“

82 отсто од потребите на регулираниот пазар. Ова е максимумот на домашното поризводствбо кое во моментов го испрачува ЕСМ а останатите ги дополнува со купување од слободнито пазар по цена од 215 евра за мегават. Иако беше најавено и ветувано дека ќе се покрие 100 отсто од потребите и дека сите производствени погони ќе работат со полна пареа во текот на грејната сезона во моментов состојбата е далеку од најавената.

Термоелектраната Осломеј од вчера е исклучена од мрежата поради ремонт кој треба да заврши до крајот на месецот, и во тој период ќе се трупаат залихите на јаглен кои во моментов се 10 илјади тони за да се достигне како што очекуваат од ЕСМ бројката од 100 илјади тони со што ќе се обезбеди непречен производствена процес.

Она што загрижува е дефектот на генераторот во ТЕЦ Неготино кој се испостави дека е далеку потежок од очекуваното а се должи пред се на старата опрема која одамна требаше да биде заменета. Овој капацотет веќе десетина дена не произведува струја а се очекува во погон да се врати најрано во првата недела од идниот месец.

Третиот Блок на РЕК Битола исто така барем уште еден месец нема да биде во погон бидејќи се бара трасата по која би се донел трансформаторот кој е исклучителчно габаритен и тежок. Во моментов се договара транспорт до пристаништето во Солун и оттаму со специјални возила до РЕК Битола. Старот со производство сега е помесетн за средината на идниот месец но бито е да се нагласи дека тогаш ќе се исклучи вториот блок од погон заради ремотн.

За да ги покрие потребите на конзумот ЕСМ купува струја од слободниот пазар, во последните дена по 2,4 гигавата но се очекува таа количина да се зголеми поради падот на температурите и дефектите и ремонтите на производствоените капацитети.

Она што е јасно е дека струјата за граѓаните од 1 јануари ќе поскапи поради 12 илјади компании меѓу кои има големи потрошувачи кои генерираат сериозни профити а со изигрување на законите се префрлија од слободниот на регулиран пазар.

И по една недела откако е откриен скандалот со фирмите „шемаџии“ ниту една надлежна државна институција не се одзва и не ја објави листата со 12 илјади компании кои сега трошат струја наменета исклучиво за домаќинствата.

ОГНЕН ЧАНЧАРЕВИЌ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе