Вести Економија Најважни

Инфлација ги изеде парите на граѓаните – достигна рекордни 20 проценти

Никако да се стопира растот на цените. Статистика измери нов рекорд на инфлацијата од речиси 20 отсто во октомври годинава,  во споредба со истиот месец лани. За една година храната поскапела за над 30 проценти. Најголем скок има кај цената на лебот и тоа од речиси 50 отсто. За 40 проценти поскапеле млекото, сирењето, јајцата, маслото. Сериозно зголемување има и кај цената на месото, но и кај зеленчукот и овошјето.

  1. Леб                                                 47,7%
  2. Млеко, сирење, јајца                 40,7%
  3. Масло                                            40,3%
  4. Месо                                               28,6%
  5. Зеленчук                                       22,4%
  6. Овошје                                           15,5%

Драстично зголемување има и кај цената на електричната, топлинската енергија, транспротот.

  1. Електрична енергија                20,2%
  2. Топлинска енергија                  30%
  3. Транспорт                                   17,7%

Растот на цените ја кренаа и потрошувачката кошница. ССМ пресмета дека во месецот на едно семејство му се потребни над 50.000 денари за да ги покријат само основните трошоци,  или 1.300 денари повеќе од септември.

Причината за ваквата рекордна бројка на инфлацијата, дел од експертите ја лоцираа во тоа што им се дозволува на трговците да нижат големи профити. Бараат веднаш  да се воведе мерка со која би се ограничиле или замрзнале цените на производите.

Редно е фирмите кои остварија изминатите месеци милионски профити од тоа што ги пумпаа цените, редно е сега нивните профити да се намалат, и тие малку да осетат криза, не може нон стоп кризата да паѓа на грбот на граѓаните и на нај сиромашните. Имаме влада што ја гледа инфлацијата и само кука а не прави ништо друго, вели за Телма Бранимир Јовановиќ, економски аналитичар и поранешен советник во Министеството за финансии.

Според Јовановиќ, во регинот цените  во изминатиот период најмногу пораснале токму кај нас и со тој скок полека ги стигнаа европските цени на производите.

Од март до септември во земјава цената на храната е зголемена за 20 отсто, никаде на Балканот тоа се нема случено, додава Јовановиќ.

Досега пак за да се ублажи ценовниот шок се ограничија само маржите, а надежите се и дека со субвенционирањето на трошоците за струја на прехранбените фирми производите ќе почнат да поевтинуваат.

Според прогнозите на експертите инфлацијата до крајот на годинава би достигнала 22 проценти, а годишната би изнесувала околу 15 отсто.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе