Вести Економија Најважни

Храната за една година поскапела за 32%. Нов рекорд на инфлацијата, достигна речиси 20% на годишно ниво, а 1,4 % на месечно

Индексот на трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, бележи зголемување од 19.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 15.4 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Со овие бројки на годишно ниво, инфлацијата постави нов рекорд од 19,8 %. На месечно ниво (разлика на цени меѓу октомври и претходниот месец септември е 1,4 %.

Најмногу на годишно ниво поскапел лебот и житото за 47,7%, млекото, јајцата и сирењата во октомври оваа година биле поскапи за 40,7%, а во топ три најголеми поскапувања влегуваат и маслата и мастите кои поскапеле за 40, 3 % на годишно ниво.

Месото е поскапено за 28,6 %, овошјето за 15,5 %, а зеленчукот за 22, 4 %. Храната како вкупна најголема ставка во извештајот на Статистика поскапела за 32,4 % за една година од лански октомври од минатиот октомври 2022-ра.

Според Статистика најмало поскапување има кај чевлите кое на годишно ниво изнесува 0,1%, додека весниците и списанијата останале на иста цена како лани. Во минус односно намалување има само во три параметри социјална заштита (пад на цените од 1,1 % во однос на лани),  „опрема за спорт, кампување и рекреација“ чии цени паднале за 1,2 % и најмногу „поевтинеле“ авионските карти односно воздухопловен патнички транспорт кој паднал за 17,5 % во цена за една година.

Наведените категории со минимално зголемување или со намалени цени во однос на ланскиот октомври не влијаат на општото ниво на инфлацијата бидејќи заземаат минимален дел во вкупната ставка (освен чевлите).

Најголем дел од ставките кои ја креираат висината на инфлацијата доаѓаат од цените на храна и сите продукти за една година поскапеле помеѓу 12 и 48 % на годишно ниво.

Во соопштението Статистика наведува дека на месечно ниво инфлацијата е 1,4%, а во октомври најмногу поскапел зеленчукот. Еве го соопштението:

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.4, а индексот на цените на мало изнесува 100.6.

Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7.3 %, млекото за 5.9 %, сирењето и урдата за 5.7 %, месото за 3.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 3.2 %, рибата и морските плодови за 2.8 %, лебот и житата за 1.8 %, кафето, чајот, какаото за 1.4 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1 %, виното за 0.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.5 %, пивото за 0.4 % и жестоките пијалаци за 0.3 %.

Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 4.6 %, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 3.7 %, цврстите горива за домаќинствата за 3.4 %, парамедицинските услуги за 1.8 %, гасот за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.7 %, обувките, рестораните, кафулињата и слично за 1.6 %, облеката, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.4 %, медицинските услуги за 1.3.%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.2 %, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %, малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата – нетрајни за 0.9 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.8 %, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 0.7 %, течните горива за домаќинствата, текстилот за домаќинствата, медиумите за снимање за 0.6 %, поправките и изнајмувањето обувки, патниот патнички транспорт за 0.5 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 3.6 % и маслото и маснотиите за 0.8 %.

Во октомври, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 12.4 %, туристичките аранжмани за 10.4 %, теписите и другите подни покривки за 4.5 %, воздухопловниот патнички транспорт за 1.7 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.1 %, моторните возила за 0.7 %.

Индексот на трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, бележи зголемување од 19.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 15.4 %.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе