Вести Економија Најважни

Финансовите инспектори од денеска во истрага кај фирмите кои со „шема“ користеле струја за домаќинствата – надлежните ги кријат нивните имиња

Државата ги знае големите фирми кои преку „шема“ користеле поефтина струја како за домаќинства и за мали компании. Одбива да ја соопшти листата со имиња, а од денеска финансиските инспектори тропаат на нивните врати. Ќе ги проверуваат наводите како основале ќерки фирми до 20 вработени, и потоа го закупувале нивните броила за да користат ефтина, субвенционира струја. Истрагата датира од март, но по пристисокот од јавноста Управата за финансиската полиција ќе влезе кај сите.

Од наша страна беа извршени проверки во одредени правни субјекти, а за добиените сознанија, а со соодветен писмен поднесок е известен надлежен јавен обвинител. Во тек се проверки и кај други правни субјекти, за кои по завршувањето на истите, Управата за финансиска полиција, согласно законите ќе го извести ОЈО, информираат од управата.

По молк од половина година, државата трга во поход да ја спасува струјата која наместо за граѓаните и малите фирми, ја трошеле големи компании преку „шема“. Владата докупувала струја, ја субвенционирала произведната во домашните капацитети, а од друга страна големи компании, спротивно на законот, ја користеле во своите капацитети. Нивните имиња се кријат, иако буџетот на државата е оштетен, додека печалеле огромни профити.

Колку струја повлекле, а со тоа платиле помалку отколку берзанската, проекциите се во десетици милиони евра помалку ДДВ во буџетот. Оштетен е снабдувачот, и УЈП. По отворањето на скандалот со проневерите со законот алармот го вклучи и Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи од Пазарен инспекторат и Финансиската полиција ќе ја бара потребната документација врз основа на која УЈП ќе ги носи одлуките за нивните следни чекори. Во следниве денови управата ќе свика и кординативен состанок со сите надлежни институции, се наведува во одгворот од управата.

Останува нејасно како државата од март знаела за „шемата – отвори фирма ќерка и закупи го броилото“, а не презела ништо. Заради зголемената потрошувачка скокнала и цената на струјата, а повторно на товар на граѓаните и малите фирми преку субвеницнирањето.

Ако се проверат фактите овие фирми „шемаџии“ наместо да платат 543 евра за мегават или најмалку 33 денари за еден киловат, а на таа сума ДДВ кон државата, тие ја користеле субвенционираната струја за малите фирми и постојано плаќале средна цена од 18 денари за еден киловат. Државата според првичните проекции е отшетена за најмалку 100 милиони евра, што преку не фактириран ДДВ, но и преку директните субвенции од буџетот на државата.

Додека Финансиката полиција трга во истрага, а УЈП и снабдувачите ги премеруваат штетите, на потеге обвинителството кое треба да пресече како кривично ќе се гонат овие индиции за злоупотреби.

За потсетување, по скокот на берзанската цена на струјата 12 илајди фирми мигрирале на регулираниот пазар, но дел од нив меѓу кои и општини, смислиле шема со отворање на ќерки фирми да прејдат на регулираниот пазар и да користат субвениционира струја како за домаќинствата, така и за микро, малите и средните компании. Ланци маркити, казина, аптеки, фабрики, осигурителни компании, се само дел од големите фирми кои го изиграле законот и направиле огромни финансиски заштеди од фебруари навака.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе