Вести Економија Македонија

Го изиграле законот, но нема да одговараат кривично – УЈП и МЕПСО загубиле милиони евра заради фирмите “шемаџии“

Парични казни во висина на неколку часа искористена електрична енергија, но не и кривична одговорност. Крупниот бизнис кој што со шема користел  електрична енергија како домаќинства ќе се спаси од истрага.

Државниот пазарен инспекторат им влегол во трага, а финансиската полиција отворила предмет и извршила проверки кај неколку фирми.

Институциите за Телма потврдуваат дека знаеле за шемата со која големи фирми основале мали ќерки фирми и наместо скапа струја од слободниот пазар го изиграле законот и користеле ефтина сруја како домаќинства.

Во истрагата се вклучила и финансиската полиција која по извршените проверки ги потврдила наводите дека оваа шема функционира кај некои фирми.

Го известиле јавното обвинителство но засега нема истрага за кривична одговорност. Го изиграле законот, но не го прекршиле е првичниот заклучок на истражителите кои од понеделник најавија активирање на истрагата.

„Направени се проверки кај неколку фирми има отворен предмет, првична истрага. Известено е ОЈО Скопје. Да ја разгледаме документацијата во управата со секторските одделенија и во разумен рок ќе иформираме. Предистрагата е тајна, и повеќе детали не може да откриваме засега,“ велат од управата за финансиска полиција.

Оштетена е државата и граѓаните. УЈП и МЕПСО дополнително ќе пребројуваат колку милиони евра разлика од излезено ДДВ не се наплатени заради шемите на големите фирми кои формирале фирми ќерќи за пред законот да бидат мали и средни претпријатија.

„Ќе свикаме секторски состанок. Нас не интересира колкав период овие фирми користеле електрична енергија на регулираниот пазар, а со тоа плаќале помалку ДДВ. Потребна ни се информации од финансисиката полиција,“ информираат од УЈП.

Шемата ја смислиле општините, а големите фирми ја пресликале. За да го заобиколат законот за енергетика формирале мали и средни компании кои влечеле поефтина струја од регулираниот пазар, а потоа со договор за закуп броилото го предавале на своите големи мајки фирми.

Во шемата се вклучиле, големи индустриски капацитети, ланец маркети, мобилни оператори, повеќе осигурителни компании, казина, познати аптеки, градежни фирми, дел од оние 12 илјади потрошувачи кои наместо да плаќаат поскапа струја од отворен пазар, најдоа начин да ги избегнат големите сметки. Во трага им влегла регулаторната комисија, а владата иако нареди нивно тргање од регулираниот пазар не ги објави имињата на компаниите кои се офајдиле со оваа шема користејќи поефтина електрична енергија субвенционирана со буџетски средства на граѓаните.

Сите институции вперија прст во владата и го отворија прашањето како со месеци се провлекувало законско решение за енергетика преку кое биле возможни овие злоупотреби со домашното производство на струја.

Дел од големците кои преку ќерќи фирми користеле струја за домаќинства заштедиле и до десет пати, иако според информациите на Телма, нивните годишни приходи се и над десетици милиони евра.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Македонија треба да и врати на Европската комисија 2, 2 милиони евра злоупотребени преку програмата Еразмус Плус програмата

Дејан Дејан

Уставните измени дел од изборните програми

Дејан Дејан

Приведени три лица за злостворството во Железара – доказите ги насочуваат надлежните кон причините за убиството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе