Вести Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го проектира најгломазниот буџет, и дефицит кој е надвор од сите рамки на одржливост

Ковачевски го проектира најгломазниот буџет, и дефицит кој е надвор од сите рамки на одржливост, критикува ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог Буџетот од 5.3 милијарди евра е економски колапс за Македонија со вакви лоши економски показатели. Дополнително дефицитот кој е проектиран на скоро 5% од БДП е опасност за економијата и одржливоста на системот. И сето тоа во услови кога растот на економијата е само 2.9%. Овој најголем до сега дефицит ќе треба да се покрива со нови задолжувања кои во услови на светска криза ќе бидат по се поголеми камати, смета опозициската партија.

Според нив предлог буџетот повторно алудира дека власта ќе троши неконтролирано, без да се почитуваат принципите за фискална консолидација, што е можност за корупција и криминал.

Власта нема ниту план како да се справува со инфлацијата која е помеѓу најголемите во Европа. Сѐ на сѐ, без план, со една цел, трошење што повеќе пари на несуштински работи, кои не носат развој, обвинуваат од партијата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Идентификуван и пронајден е 19 годишникот кој вчера прегази 3 годишно девојче во Визбегово и избега

Дејан Дејан

ТЕЛМА СТОРИЈА: Битка за Куклица – Кој ја контролира „веселата свадба“

Дејан Дејан

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, училиштето постепено ќе се затвора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе