Вести Економија Најважни

Рекордни 5,3 милијарди евра е новиот државен буџет за 2023-тата

Рекордни 5,3 милијарди евра владата планира  да потриши идната година. Планот е и во државната каса  да се соберат 700 милиони евра плус од 2022 година.

Зголемените приходи во буџетот ќе  бидат како резултата на новата даночна реформа која треба да стартува од први јанаури, но властите  се надева и на подобра наплата на  даноците, односно да ја скротат сивата економија.

Бесими уверува даночните стапки нема да се зголемуваат , но не одговори дали ќе се воведе прогресивен данок.

  • Нема да има зголемување на даночните стапки нема д аима ниту нови даноци, но ќе се проширува даночната база. Знам дека сакате одговор за поргресивен данок дискутираме имаме  различни мислења, рече Бесими.

Догодина  владата ќе треба да најде  1, 5 милијадри евра за да го  покрие буџетскиот дефицит кој ќе изнеусва  700 милиони евра, но и за да се отплатат стари  долгови.

Парите ќе се бараат и на странските и на домашниот пазар. Се преговара со ММФ, Светска банка  и со Европската комисија, а во игра останува и еврообрзницата.

  • 700 милиони евра е дефицитото кој ќе се финансира 800 милиони се стари обврски од кои 450 милиони се од еврообврзница  600 милиони од надвор и 200 рефинансирање на домашен пазар, додаде Бесими.

За изградба на пруги, гасовод, градинки, училишта , автопати,  државата планира да потроши рекордни 800 милиони евра, 200 милиони евра повеќе од годинава.

При креирањето на секој буџет има оптимистички пшроекции за капиталните инвестиции, но потоа со ребаланс најчесто се кратата пари токму од  тука.

  • Коридо 8 , железница , значаен  износ се и парите за есм за кризата, додаде Бесими.

Бесими уверува дека со буџетот нема да се кратат платите во јавниот сектор, но  нема да има ниту нови вработувања.

Според графиконот на министертвото за финансии догодина   ДДВ за струја за  домаќинствата од 5 ќе се качи на 10 отсто, иако не се најавуваше.

Економскиот раст е проектиран на  скормни 2, 9 отсто, а од владата се надеваат  догодина цените да се стабилизраат  и инфлаицјата да не биде повисока од 7, 1 отсто.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе