Вести Економија Македонија Најважни

И пекарите ќе добијат субвенционирана цена на струјата – 85 евра за мегават час

Околу 10 милиони евра би го чинело Буџетот субвенционирањето на прехранбените компании, училиштата и Јавните комунални претпријатија кои од 1 декември од слободниот пазар одат под капата на „ЕСМ продажба“ покажуваат анализите на министерството за економија.

Министерот Бектеши нагласи дека оваа сума би се исплатила доколку тие не може да се снабдат со струја од домашно производство и таа мора да се увезува.

Она што е ново е дека покрај 200 компании од прехранбениот сектор ќе се вклучат и околу 600 пекари.

Вкупно сите овие компании минатата година во периодот од 1 декември до крајот на април, односно кризната состојба потрошиле 33 гигавати струја.

Кога станува збор за основните и средните училишта проекциите се дека во периодот декември – април тие ќе потрошат околу 11 гигавати струја, која доколку целосно е увезена ќе се субвенционира со околу 2 милиони евра.

Анализата на потрошувачката на Јавните комунални претпријатија е речиси идентична со компаниите од прехрамбениот сектор – 30 гигавати струја кои доколку е потребно би се субвненционирале со 3,5 милиони евра.

Бектеши соопшти дека дел од Општините веќе доставиле барање за поскапување на цената на водата за пиење и тека тие ќе бидат одбиени бидејќи е обезбедена и струја и средства за сметките.

А за да се обезбеди струја од домашно производство и да се избегне субвенционирање Владата планира враќање на субјекти кои се префрлиле од слободниот на регулираниот пазар.

Бектеши е дециден дека средствата се веќе обезбедени и доколку е потребно ќе користат и средства од грантот на Европската Комисија во износ од 80 милиони евра.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Идентификуван и пронајден е 19 годишникот кој вчера прегази 3 годишно девојче во Визбегово и избега

Дејан Дејан

ТЕЛМА СТОРИЈА: Битка за Куклица – Кој ја контролира „веселата свадба“

Дејан Дејан

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, училиштето постепено ќе се затвора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе