Економија

ФЕД по четврти пат ја зголемува каматната стапка за 75 базични бодови

Банкарите од американските Федерални резерви (ФЕД) објавија четврто по ред зголемување на каматните стапки за 75 базични бодови, истовремено сигнализирајќи дека нивната агресивна кампања за зауздување на инфлацијата може да се приближи кон завршна фаза. Надлежните рекоа дека веројатно ќе биде потребно тековно зголемување за каматите да се доведат до ниво коешто е доволно рестриктивно за да ја врати инфлацијата на два отсто со текот на времето, објави Bloombergadria.

„При одредување на темпото за раст на каматите во иднина, одборот ќе го зема предвид кумулативното заострување на монетарната политика, која што влијае на економската активност и инфлацијата, како и економскиот и финансискиот развој“, велат од ФЕД. Ова доаѓа како освежување во период на сé уште силна инфлација и добри податоци за вработувањето во САД, иако секторите како недвижнини и производство значајно забавија.

Европската Централна Банка ги зголеми референтните камати

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите, на потег е Владата

Дејан Дејан

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Дејан Дејан

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе