Вести Економија

Бесими во Топ Тема: Конечниот предлог за даночните реформи е прашање на недели

„Ние имавме долг период на јавни расправи за целиот сет на мерки, кој е дел од една стратегија за даночни реформи донесена од влада во декември“, посочи минситерот за економија Фатмир Бесими во вечерашната Топ Тема на Телма. Главен принцип во дискусијата, според него, е да се обезбеди еднаквост на даночниот товар во економијата, да се зголеми даночната база и да се зголеми ефикасноста на услугите во јавната администрација. Една од опциите, вели Бесими е проширување и намалување на даночните ослободувања.

Данокот за ДДВ основната стапка е 18 посто, а во целиот регион е 20 или 22, таа е најниска во регионот, ние не велиме дека тоа ќе се зголеми. Но покрај основната стапка имате две преференцијални стапки, ние викаме листата на тие што добиле со текот на времето преференцијални ја усогласуваме со тоа што е во регионот и во ЕУ. Иако ние имаме 18 проценти ДДВ, ефективната стапка колку се прибираат е 9,3 проценти, вели Бесими.

Прогресивниот данок на личен доход стапува на сила на први јануари, а Бесими вели дека во текот на јавните расправи исто така сакале да ги слушнат мислењата и предлозите на стопанството и експертите.

Ние не отидовме со став на кој модел одиме, повеќе го отворивме како тема за да видиме која е ракцијата и кои се очекувањата. Втората тема е од аспект на придонесите, и тоа исто го отворивме само како тема и тоа што констатиравме е дека таа група е многу хетерогена, вели Бесими.

Според него конечниот предлог на владата за овие мерки е прашање само на недели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште пет дена кампања пред двојните избори на 8ми мај

Дејан Дејан

Променливо облачно, особено претпладне нестабилно – Временска прогноза за 3.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе