Вести Економија

Бесими: Имаме јасен тренд на фискална консолидација

Ова е трета година по ред како министерството за финансии проекти буџет во време на криза, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими во вечерашната Топ Тема на Телма, посветена на новиот предлог буџет. Според него, тоа што го карактеризира овој буџет државата останува, номинално, на истото ниво на буџетски дефицит, кој изминативе години и покрај кризите постепено се намалува.

Имаме еден јасен тренд на фискална консолидација, што значи обезбедување на фискално одржлива макро финансиска рамка, која всушност дава јасен сигнал кон инвеститорите дека и покрај кризата ние одиме кон стабилизирање на билансот на јавните финансии, а тоа е буџетскито дефицит и јавниот долг, рече Бесими.

Бесими посочува дека разликата помеѓу капиталните расходи и дефицитот е само 100 милиони евра, што значи дека министерството за финансии постигнало високо ниво на развојна компонента. Пластично објаснето според Бесими, тоа значи дека без капиталните расходи би биле остварени 100 милиони евра суфицит. „Но таков буџет во реалноста не постои“, побрза да потенцира министерот.

Освен зголемените трошоци за електрична енергија, другите позиции за дневнции, патни трошоци, како и делот за мебел, возила и други такви трошоци, популарно кажано непродуктивни, се намалуваат, рече Бесими.

Запрашан како ќе бидат контролирани институциите дали ќе трошат помалку, Бесими кратко одговори: Лесно е, помалку пари во буџетот, помалку ќе трошат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе