Вести Економија Топ вести

МЕПСО една година не може да си ги собере парите од должниците – од 12 милиони евра долг, компанијата наплатила само 2 милиони

Со месеци МЕПСО  не може  да го наплати долгот од фирмите  за кои  се  влечеше струја од Европската мрежа. Мист Енерџи, У Повер -компанијата која беше управувана од синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери,  и Енергија Гас и Повер на преносниот систем, за балансираната  енергија му  должат над 12 милиони евра.  Но,  од овој долг  Мепсо до сега  одвај успеал да наплати нешто над 2 милиони евра. Од преносниот систем се обидуваат и остаантите пари да  ги вратата во касата на компанијата.,

Сметките им се блокирани и сите приливи кои пристигнуваат кај нив автоматски се префрлаат на Мепсо, вели Орхан Муртезани, Директор н АД Мепсо.

Дел од  фирмите со милионски  долгови кон Мепсо добија  забрана за тргување на пазарот со електирчна енергија , но некој  најдоа начин за да се вратат во бизнисот.  Така на пример Мист Енерџи  која  накалеми  долг кон Мепсо од близу 2 милиони евра, формираше нова фирма  Мист Енерџи Еко Доел, и се врати на пазарот. Сепак, Муртезани уверува дека сега  има  механизми со кои овој пат би се заштитиле од вакви финанисиски реперкусии.

Секако јавноста  е информирана дека во април при обновување  на договорите со учесниците на пазарот имаа, клаузула  со која   ќе се избегнат долги процедури и колку што знам и Регулаторна  е при крај со  усвојување на новите пазанри правила помеѓу најавената и побараната  потрошувачка и може да се реагира и да нема финансиски реперкусии врз фирмата, додава Муртезани.

И дел од експертите предупредија  дека  повеќе не треба се дозволува на фирмите трговци со струја со мали банкарски гаранции да прават милионски долгови кон Мепсо и иако имаат забрани за тргување да можат повторно да отворат  нова фирма и повторно да се овој бизнис.

Првиот регулатор пак неодамна во Том Тема рече дека се работи на тоа  фирмите трговци со струја  да мора да приложат поголеми гаранции ако сакаат да тргуваат со струја.

Идејата ни е некаде од 1 до 2 милиони евра снабдувалчоте да имаат гаранции  со цел кога ќе има проблеми да ги прокива трошоците на мепсо за дебалансите за да може да функцонира пазарот,  но да ако се водеват овие гаранции тоа ќе влијае на цената на струјата затоа што и тие негде ќе мора да ги платата во банките, вели Марко Бислимовски, претседател  на РКЕ.

Инаку овие три фирми , Мист Енерџи, У повер и Енергија гас и Повер за да не купуваат електрична енергија  по далеку повисока цена, ја користеа балансираната, која МЕПСО ја  влечеше од европската мрежа и се доведе во ситуација да  добие предупредување   за санкции и  можност да се плаќаат пенали.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протести во Грузија : Полицијата употреби шок бомби и солзавец

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе