Вести Економија Топ вести

Без договор за цената на гасот – Лидерите на ЕУ постигнаа широка рамка за справување со енергетската криза

Постигнат е консензус само за широка рамка за справување со ценовниот шок од енергетската криза. Лидерите на Европската унија без конкретен договор за ограничување на цените на гасот продолжуваат да ги испитуваат опциите за одредување горна граница на трошоците. Европската комисијата предложи систем за заедничко купување гас и понуди компромис што ќе овозможи механизам за корекција, кој би се активирал во исклучителни околности. Самотот почна со големи поделби посебно да релација на традиционалното дуо Германија – Франција. Откако беше критикуван од партнерите Шолц утринава со позитивен став околу новиот проект за гасовод меѓу Франција и Пиринејскиот полуостров.

  • „Голем чекор напред е што сега ќе има гасоводна врска со Франција од Пиринејскиот Полуостров. И многу сум среќен што напорите кои беа неуспешни толку многу години сега доведоа до добар резултат. Постои гасовод што тече од Португалија и Шпанија до Франција, што потоа ќе овозможи поврзување со Централна Европа. И јас сум многу среќен што конечно е решено“, рече Олаф Шолц, канцелар на Германија.

Макрон рече дека напорно работел со германскиот канцелар Олаф Шолц во билатералните разговори за да се постигне пробив по ова прашање. Сега, вели, очекува конкретни, а не теоретски предлози.

  • „Значи, пред сè, Комисијата даде некои првични предлози. Сега, она што го кажуваме е експлицитно дека бараме конкретни одлуки и нивна имплементација. И така, во наредните недели, она што го очекуваме не се теоретски предлози, туку врз основа на првите предлози дадени во последните денови од страна на Комисијата да се продолжи понатаму. Нашата прва цел е да ги намалиме цените на гасот и затоа механизмите за коридор и заштита се поставени на цените на гасот кои се најважни за заштита на домаќинствата и бизнисот во нашите земји“, Емануел Макрон, претседател на Франција.

Министрите за енергетика на европскиот блокот ќе се состанат следната недела за дополнително да разговараат за предлозите поставени од водачите, со цел да се утврди дека ненадејната цена на гасот нема дополнително да ги наруши економиите на ЕУ.

Земјите-членки веќе се согласија да ја намалат побарувачката на гас за 15% во текот на зимата. Тие, исто така, се обврзаа да ги наполнат капацитетите за складирање гас до најмалку 80% од капацитетот до ноември и да ја намалат максималната побарувачка за електрична енергија за најмалку 5%. Целта е да се спречи енергетската криза поттикната од инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина и неговата стратегија да го стопира снабдувањето со гас.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе