Вести Економија Македонија Најважни

Граѓаните револтирани бидејќи мора да потпишуваат нови договори со ЕСМ за парно греење

Нов снабдувач, нови правила. ЕСМ откако ги превзема топланите Исток и Запад и парното од БЕГ ги повика корисниците да дојдат во пункотовите за наплата и да потпишат нови договори. Околу 60 илјади домаќинства ги засега новата грејна сезона во Скопје. Парното стаса, но не кај сите претплатници.

ЕСМ и денеска е на терен и трет ден како сервисира дефекти откако стотици граѓани пријавуваат дека во цели згради, нема доток на топлинска енергија. Некои пријавуваат и материјални штети, а екипите на ЕСМ одат кај првопријавените. Пред пункотвите на топлана почнаа да прстигаат граѓани кои го чуле повикот на ЕСМ.  Дел склучиле веќе  договори, а на дел им побарале дополнителни документи.

Склучувањето на договорите може да се изврши на три пункта – Центар на улица Кочо Рацин број 33 кај Олимписки базен, пункт Исток на улица Јане Сандански број 49 во населба Аеродром и пункт Запад на улица Лондонска број 8 во Тафталиџе, се наведува во соопштението од ЕСМ.

Пунктовите се отворени за граѓаните секој работен ден од 8 до 18 часот и во сабота од 9 до 13.30 часот.

За да се склучи новиот договор, граѓаните треба со себе да понесат документ за лична идентификација и фактура (или копија) за топлинска енергија од претходниот снабдувач. Напоменуваме дека ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје ќе им овозможи на граѓаните соодветен временски период за регулирање на обврската, и дека доколку од различни причини корисниците не успеат да склучат нов договор до крајот на месецот, греењето непрекинато ќе се испорачува и во ниеден момент испораката нема да биде загрозена – велат од компанијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе