win-win

Вин Вин – Жестока дебата за отфрлањето на иницијативата за референдум за договорот за пријателство со Бугарија

Многу внимателно разгледувавме за референдумското прашање и многу внимававме и затоа целевме за законот за ратификација на договорот за добрососедство. Сметавме дека од таму произлегуваат проблемите кои ги имаме. Повлекувајќи се од тој договор, прашањето беше поставено за граѓаните да се определат и со самото гласање, владата ќе имаше обврска да го почитува резултатот, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното издание на Вин Вин.

„Штом избегаа од референдумот, очигледно се плашат од одредени работи“ – вели Мицевски.

Јасно е дека законот за референдум предвидува начин на распишување на државно ниво и членот 24 многу јасно кажува дека во однос на меѓународните договори, таквиот начин е пред нивната ратификација, односно во моментот кога се склучува договорот, да се остави можноста дали граѓаните го прифаќаат тој договор и тоа да биде сигнал за народните пратеници, изјави

Снежана Калеска Ванчева, пратеник од СДСМ и претседател на законодавно-правната комисија во Собранието.

Калеска Ванчева не сакаше да коментира зошто претседателот на Собранието. Талат Џафери, не ја препратил иницијативата за референдум до надлежната собраниска комисија, чиј претседател е токму таа, туку одлучил да ја отфрли.

Мицевски посочи дека одлуката на Џафери е злоупотреба.

„Негова задача беше, согласно член 191 и 192 од Деловникот да проследи до комисијата, на крај пленумот донесува заклучок, кој се испраќа до Христијан Мицкоски како овластен предлагач. Ова што денеска се случи е преседан“ – изјави Мицевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вин Вин 02.05.2024

Дејан Дејан

Вин Вин 15.04.2024

Дејан Дејан

Интервју со претседателскиот кандидат Бујар Османи 12.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе