Вести Македонија

Калајџиев за РСЕ: Очигледна врска на организираниот криминал со политички структури, ДУИ се недопирливи и со големи бизниси  

Постои своевиден распад на системот за гонење на високопрофилиран функционерски криминал по суспензијата на Русковска, дисциплинските постапки за три обвинителки за гонење на организиран криминал и оставката на Арафат Муареми во Финансиската полиција, а владата и надлежните не регираат, оцени професорот по кривично право Гордан Калајџиев во интервју за Слободна Европа.

Оценката на универзитетскиот експерт за кривично право е дека има очигледна врска на организираниот криминал со политички структури.

-Во конкретниов случај личи како обвинителите да покажале некој отпор, продолжиле со некои истраги за кои им било кажано да не ги водат или да ги сопрат и личи дека во конкретниот случај тие се повеќе жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури, рече Калајџиев за РСЕ.

Истрага за техничка станица „Виа“- Русковска немала план за апсење на министер, но ги собрала сите потребни докази

Професорот Калајџиев смета дека и претседателот Пендаровски треба да реагира со свикување на Совет за безбедност.

-Јас да сум на место на Претседателот ценејќи ја оваа криза како многу проблематична за државата воопшто би свикал дури и Совет за безбедност, по мое, оваа криза е длабока криза на проблем на власта, очигледно дека има некој судир внатре, што доведе до ваков судир меѓу Обвинителството и Финансиската полиција и после се претвори во внатрешен судир меѓу републичкиот обвинител и обвинителката за организиран криминал, што е невообичаено, истакна Калајџиев.

За ДУИ рече дека е очигледно дека има нешто во јавниот впечаток дека се заштитетни како бели мечки.

-Знаеме дека во суштина ДУИ се недопирливи и имаме многу малку случаи за корупција во тој дел, иако знаме дека во добар дел моќта на оваа политичка структура е голема. Има многу озборувања за криминал и корупција, а не гледаме никакви постапки и тоа кај луѓето остава впечаток дека тие се некоја заштитена бела мечка. Колку од се ова е точно, јас не можам да знам, но очигледно е дека нешто има во ова, бидејќи добар дел од големите бизниси се практично во нивни раце, истакна Калајџиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе