Вести Македонија

Свидетелства до осмо одделение сѐ уште нема, тендерот завршен, државата купила 50 илјaди свидетелства повеќе

Учениците сѐ уште ја чекаат писмената потврда за нивниот лански успех, откако надлежното Биро за развој на образованието вети дека неделава ќе се делат свидетелства за прво до осмо одделение и за средношколците кои не матурираале оваа година. Телма, провери во училиштата и одговорот е негативен, свидетелства нема. Нема ниту одговор од фирмата, која доби втор тендер во висина од 8 милиони денари за да печати.

Минатата година во јули „Арбериа дизајн“ прими 5, 2 милилиони денари, но на барање на Бирото за развој на образованието испорача свидетелства само за 9-то одделние, четврта година и оние кои матурирале во трета година. Нејаснотиите во тендерот за Телма се обиде да ги објасни директорот на Бирото за развој на образованието.

Нејасно за јавноста е како оваа тетовска фирма победува на два тендери во низа, и тоа за иста бројка на свидетелства, но за различна цена на чинење. Лани во јули, „Арбериа дизајн“ според склучениот договор требало да ја испорача целата бројка на потребна педагошка документација, или над 300.000 печатени материјали, односно 6,50 денари за едно свидетелство.

На први август оваа година со новиот тендер одново бирото склучува договор со победникот на тендерот за повисока сума од 8 милиони евра, и тоа пак за цела педагошка документација, или 7,5 денари единечна цена за свидетелство.

Ако се погледнат бројките во јавната набавка од први август, Бирото за развој бара од „Арбериа“ 209.960 свидетелства за прво до 9-то одделение иако според Државниот завод за статистика во минатата учебна година настава посетувале 186.649 основци. Бројката во тендерот и за средношклоците е надмината за една четвртина, иако потврда има дека се испорачани свидетелства за матурантите и учениците од 9-то одделение. Ваквите нелогичности, директорот Хасипи ги темели во бројот на завршени ученици според Државниот испитен центар.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе