Вести Економија Топ вести

ЕСМ ги комплетираше трите фирми кои ќе се грижат парното греење

ЕСМ ги комплетираше тимовите на новоформираните три фирми. Во нив и ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери. Сега државните електрани можат да се јават на владиниот повик, преку кој ќе се бара нова компанија која ќе ги грее скопјани од октомври.

На страната на Централниот регистар стои дека трите субјекти,  ЕСМ Снабдување, Дистрибуција и Производство се основани на 29 јули со основачки влог од над 300.000 евра и се во државна сопственост.

Директор на Фирмата ЕСМ Снабдување со топлина е впишан Месуд Јакупи, поранешен шеф на изборниот штаб на ДУИ во скопско Студеничани. Со надзорниот одбор на оваа фирма ќе претседава Петар Петровски од Битола, а членови се Бесиана Џафери Беќири, ќерка на спикерот на Собранието Талат Џафери и Зорица Гиовска.

Со фирмата ЕСМ – Дистрибуција на топлина ќе директорува битолчанката Менка Јовановска. За членови на Надзорниот одбор се  Александра Маројевиќ, Џевит Ковачи и Билјана Николова, сите од Скопје.

Со најважната фирма ЕСМ Производство на топлина ќе управува Златко Пиперковски кој минатата година беше разрешен од директор на РЕК Осломеј. Членови пак во надзорниот одбор се Соња Стефановска и Љупчо Кижевски, двајцата од Скопје и Валбона Халили од Кичево. Оваа компанија ќе има задача да набави гас за околу 60.000 домаќинства кои се греат на парно.

Името на ќерката на Џафери привлече најмногу внимание во јавноста. По што од ЕСМ објаснуваат дека Бесијана Џафери е вработена како правник во секторот за развој на инвестиции и член на надзор на едно од ДООЛ-лите.

Во текот на изминатата грејна сезона вклучена беше во работни задачи при процесот на менаџирање на БЕГ од страна на АД ЕСМ, кои задачи ги изврши на највисоко професионално ниво, како впрочем и сите други споменати вработени, се вели во допсиот од компанијата.

Пред извесно време и директорот на ЕСМ Ковачевски рече дека, ако државните електрани го преземат греењето, за извршување на сите активности ќе се користат вработени во ЕСМ, ќе се зема кадар и од БЕГ поради нивната стручност, а ако има потреба ќе бидат вработени и нови лица.

Инаку, ЕСМ доби насоки од државата да формира три нови фирми за да може да се јави на повикот за избор на нов снабдувач со парно, откако пред извесно време БЕГ ги изгуби трите лиценци.

Додека не се најде нов снабдувач, БЕГ има обврска да ги врши сите активности. Но без разлика кој ќе ја врши работата на БЕГ останува отворено прашањето дали ќе има, од каде, и кога ќе се направи набавка на гас.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување 

Дејан Дејан

Шест деца се ранети денеска во руски напад врз регионот Харков

Дејан Дејан

(видео)Запалени Куранот и палестинското знаме во Малме, каде се одржува Изборот на песна за Евровизија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе