Вести Македонија

Русковска за претставката на Муареми: Директен напад врз обвинителството и судот

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска оцени дека со претставката од финансиската полиција се врши притисок врз обвинителството и судот.

Таа за Дојче Веле изјавила дека претставката била испратена уште минатиот вторник, само еден ден откако обвинителите го започнаа претресот во државната институција. Тоа што информацијата се споделува со јавноста една недела подоцна, според Русковска, претставува директен притисок врз нивната работа во отворената предистрага.

„Со оглед на тоа дека претставката е поднесена минатиот вторник до обвинителот Јовески, нејзиното соопштување сега во јавноста го сметам за директен напад на обвинителството и судот“, вели Русковска за ДВ.

Претресот во финансиска полиција ги урива темелите на правната држава, Арафат Муареми се жали на истрагата на Русковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба само за да дојде до власт

Дејан Дејан

СДСМ: Институциите да го истражат скандалот со бугарската фирма на Јанушев

Дејан Дејан

Сенатoт побара од Трамп да ја запре војната во Иран, тој одговори: одлуката е безначајна и лошо темпирана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе