Македонија ЃП по пауза од три години повторно е дел од европските клупски натпреварувања и во дуелот против ЦСКА од Софија пропушти можност да ја забележи првата победа.
Дополнителен проблем за составот на тренерот Муарем Бајрами беше фактот што цело второ полувреме имаше играч помалку, но и во овој дел од натпреварот имаше можност да го постигне барем еден погодок.
“Покажавме дека сме одлични домаќини и направивме феноменална организација. Одигравме одлични 45 минути. Покажавме дека можеме да се носиме со големи екипи, а во првото полувреме бевме и подобар противник. Црвениот картон ги наруши нашите планови. Бевме ориентирани повеќе во дефанзива и сум многу задоволен како одигравме. Стојам на тоа дека ЦСКА е фаворит и на реваншот. Имаме почетни 0-0, одиме да се бориме и во Софија. Нема да го имаме Матеус во реваншот, но сум среќен бидејќи имам играчи кои достојно ќе го заменат”, изјави Бајрами.
ФОТО: Игор Паневски
