Вести Економија Топ вести

Азески: Ако не се донесат мерки веднаш, некои компании најавија дека ќе стават клуч на врата

Многу фирмите ќе стават клуч на врата ако не се донесат итни мерки. Ваква најава од компаниите добил првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески. Компаниите подолг период се соочуваат со проблеми поради високите трошоци за струја и подолго време бараат мерки. Овие проблеми Азески вечерва ќе му ги соопшти и на премиерот на средба.

Во Комората во овој момент илјада отсто ќе се третира само едно прашање – цената на струјата. Ако Владата не интервенира и не помогне во оваа ситуација, нема друго решение освен да затвораме. Се надеваме дека нема да дојде до тоа, сите ги знаеме проблемите кои се трупаат 30 години и со тоа ниско држење и субвенционирање на цената на струјата сега изгледа огромно тоа покачување во ваква ситуација. Тоа е прв и основен проблем на компаниите и има најава од неколку компании дека ќе почнат да размислуваат за намалување, или за затворање на производството и отпуштање на вработените, рече азески.

Вчера е формирана меѓуресорска комисија која наредните десет дена треба да го подготви предлогот врз основа на предлози што ги даде комората, да оцени дали се прифатливи или не, а потоа ќе одржи средба со премиерот, веројатно за десетина дена, рече Азески.

Искуствата од регионот покажуваат дека во сите шест држави компаниите се во поповолна позиција зашто имаат субвенционирана струја, односно струја со определна цена која е директно од сопственото производство. Ние сме на слободниот пазар и плаќаме огромни суми кои се движат и до 350 евра, а при комплицирана ситуација на прекин на рускиот гас во Европа, може да дојде до уште двојно поголемо зголемување на цените, рече азески.

Владата вчера најави енергетски мерки кои допрва треба да се носат. Европа веќе го донесе планот за штедење за престојната зима. Според европскиот план, презентиран вчера, граѓаните и фирмите ќе треба да ја редуцираат потрошувачката на гас а греењето и ладењето во сите деловни објекти и згради, ќе биде ограничено.

Македонската влада најави дека не чека тешка зима, но не очекува да има рестрикции на струја.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе