Вести Економија Свет

Газпром ги информирал Европските потрошувачи дека пречките во доставата на гасот не можат да бидат спречени

Руската компанија Газпром ги информиралa потрошувачите во Европа дека не може да ја гарантира редовната достава на гасот заради вонредни околности, објави агенцијата Ројтерс, зголемувајќи го влогот во економската војна со Западот предизвикана од инвазијата на Украина.

Датирано на 14-ти Јули, во писмото од рускиот државен монопол за гас, се објавува дека заради виша сила ќе има прекини во доставата на гасот.

Правно дефинирана како „божји чин“, одредбата за виша сила е стандардна во бизнис договорите и се користи да означи вонредни околности кои служат како изговор за една од странките во договорот за исполнување на своите правни обврски.

Компанијата Унипер, најголемиот увозник на рускиот гас во Германија, за Ројтерс потврди дека е меѓу потрошувачите кои го добиле писмото и дека формално го отфрлиле како неоправдано.

Според Ројтерс, повикувањето на одредбата за виша сила на Руската компанија се однесува на доставата на гасот преку гасоводот Северен Поток 1, главната линија за снабдување со енергенсот за потрошувачие во Германија и другите европски држави.

Во моментов, доставата низ овој гасовод е запрена заради редовното одржување и проверка на неговото функционирање, процес кој треба да заврши во Четврток, 21-ви Јули

Европа стравува дека и по Четврток, гасот можеби нема да продолжи да циркулира, како одмазда за санкциите против Русија, со што дополнително ќе се продлабочи енергетската криза која се заканува да го втурне регионот во рецесија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Комарците ќе касаат без контрола ако нешто не се преземе – Град Скопје поништил дел од тендерот за прскање

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе