Спорт Фудбал

Барселона ги крие финансиските детали за трансферот на Левандовски

Роберт Левандовски дефинитивно кариерата ќе ја продолжи во Барселона, а новиот клуб на Полјакот според медиумите во Шпанија ги крие деталите околу обештетувањето кое треба да му се плати на Баерн.

Според официјалните податоци Каталонците треба да исплатат сума од 45 милиони евра и уште дополнителни пет на име на бонуси во зависност од личното и тимско постигнување.

Сепак дел од медиумите во Шпанија пишуваат дека сумата е далеку повисока и дека таа се крие за да избегне дебатата околу тоа како Барселона троши големи пари, а до вчера беше во огромна финансиска криза.

Неофицијално трансферот на Левандовски на Камп Ноу ќе чини 60 милиони евра кои ќе се платат веднаш додека 10 милиони кои се предвидени како бонуси ќе се исплатат во текот на следната година.

Весниците во Шпанија пишуваат дека и Полјакот ќе заработува многу повеќе од пријавените 16 милиони евра по сезона, а договорот е потпишан на три години со опција тој да се продолжи на дополнителни 12 месеци.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе