Спорт Фудбал

Стојчев: Штета за нереализираните шанси, ова е големо искуство за нас

Фудбалерите на Академија Пандев во реванш дуелот од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА доживеаа пораз од 2:1 во соочувањето со Лехија од Гдањск.

Струмичани можеа да се изборат за поинаков епилог на натпреварот и воопшто во соочувањето со полскиот претставник доколку во двата меча реализираа барем дел од шансите за погодок.

“Се подготвувавме за овој меч да дадеме брз гол. Со тој брз гол ќе имаше друг тек натпреварот. Можеби се ќе беше поразлично. Ќе кажам штета бидејќи на двата натпревари први влегувавме во шанси. Сепак, останува тој горчлив вкус. Едно големо искуство за нас и овие млади играчи добија на искуство на овие мечеви”, изјави шефот на струката на Академија Пандев, Ѓорѓе Стојчев.

Неизбежна тема по натпреварот со Лехија беше и иднината на клубот и шпекулациите за евентуална фузија со градскиот ривал Беласица.

“Ние како тим и екипа имавме состанок со Горан Пандев, кој ги демантираше сите шпекулации. Како што јас знам има најави за влез на инвеститор во Академија Пандев, кој сака многу да вложи. Сака да биде на долги патеки сета таа инвестиција, и ние секако посакуваме продолжување на патот по кој чекори овој клуб. За шпекулации како фузија и било што друго со Беласица ние немаме никакви информации”, заврши Стојчев.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе