Вести Економија

Од Скопје до Штип и назад за 320 денари

Од 7 часот в понеделник ќе бидат ставени во функција наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот А4 на делницата Миладиновци-Свети Николе-Штип и обратно.

На наплатните станици целосно функционира Електронскиот систем за наплата на патарина. Првите две ленти од десно се за возилата кои користат М-таг електронски уред со кој се поминува со намалување и успорување на брзината на движење на возилото и без запирање, додека на останатите ленти покрај наплата во готово може да се употреби и М-смарт картичката како електронски уред за наплата на патарина.

Цените на патарините, според категории возила:

Наплатна станица Преод
1А Категорија    40 денари или 0,5 евра
1Б Категорија    70 денари или 1,5 евра
2-ра Кат.          100 денари или 2 евра
3-та Кат.          180 денари или 3 евра
4-та Кат.          270 денари или 4,5 евра

Наплатна станица Кадрифаково
1А Категорија   30 денари или 0,5 евра
1Б Кат.             50 денари или 1 евра
2-ра Кат.          80 денари или 1,5 евра
3-та Кат.         150 денари или 2,5 евра
4-та Кат.         220 денари или 4 евра

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Млади уништуваат урбана опрема во училиште во Аеродром – градоначалникот објави снимки и најави засилен надзор од МВР

Дејан Дејан

Трамп продoлжи со нападите кон италијанската премиерка

Дејан Дејан

„Нема место за политика во пријателства градени со децении“, велат жители од погранични села со Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе