Репрезентативецот на Сенегал, Калиду Кулибали ги мина лекарските прегледи и останува уште да стави потпис на договорот со Челзи, а веднаш потоа заминува за САД каде ќе и се приклучи на екипата која ги почна подготовките за новата сезона.
Според договорот Челзи на Наполи ќе му плати обештетување од 38 милиони евра плус два милиони во бонуси, а Кулибали со клубот од Стемфорд бриџ ќе потпише договор на пет години со плата од 10 милиони евра по сезона.
Кулибали е второто големо засилување за Челзи откако претходно на екипата и се приклучи Рахим Стерлинг.
