Вести Економија

ТИРЗ се надева дека ќе го придобие најголемиот инвеститор за Македонија

Земјава  прави напор да го привлече досега најголемиот инвеститор. Американско –тајванска  компанија која има намера да вложи 250 милиони евра е пред одлука дали ќе го шири бизнисот тука, во Србија или Хрватска. Нашиот северен сосед се уште  важи за најголема  закана во однос на  привлекувањето на инвестиции. Но , од ТИРЗ се надеваат на позитивен одговор.  Велат дека паралелно се преговара  и со уште неколку фирми. Регионот во моментов  бил  поинтересен за правење на бизнис, откако Кина како пазар  стана понестабилна,  поради честите измени во мерките за справување со  пандемијата.

  • Претставници доаѓаат на почетокот на следната недела,  разговори имаме веќе со  оваа компанијата. Конкуренцијата е доста сериозна , станува збор за голема инвестиција.Најавите  од компанијата се дека до крајот на годинава ќе дадат одговор  дали ќе бидеме ние како регион или Кина,а потоа ако биде регионот ќе се одлучува дали  ќе биде   Северна  Македонија, Србија или Хрватска, вели   Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ

Според Деспотовски,  политичките случувања во земјава  за сега не влијаат на одлуките на странските инвеститори. Оние пак кои веќе работата тука се уште добро се справувале со  високите  цени на енергенсите. Но,  она  што  загрижува  е дека за брзо време,  компаниите нема да можат да го најдат потребниот  кадар за работа.

  • Се уште има работна  сила , ако мислам дека не сме многу далеку од моментов кога ќе се соочиме со недостаток, додава Деспотовски.

За половина година извозот од зоните достигна речиси 2 милијадри евра. За шест месеци влегле околу 240 милиони евра странски инвестиции, а отворени се  околу 1.000 нови работни места.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Млади уништуваат урбана опрема во училиште во Аеродром – градоначалникот објави снимки и најави засилен надзор од МВР

Дејан Дејан

Трамп продoлжи со нападите кон италијанската премиерка

Дејан Дејан

„Нема место за политика во пријателства градени со децении“, велат жители од погранични села со Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе