Вести Македонија Топ вести

Спасовски: МВР ќе ги преземе сите мерки за безбедност на пратениците и Собранието

МВР ќе ги преземе сите мерки за да обезбеди безбедност на пратениците и на законодавниот дом, во однос на утрешната седница на која ќе се дискутира за францускиот предлог, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,

Спасовски рече дека министерството ги прави потребните анализи, ги собира потребните податоци и информации во однос на можните случувања коишто би биле во текот на одржувањето на седницата.

-Секако дека протести, јавно изразување на својот став, мислење итн., е демократска вредност, демократско право, меѓутоа тоа мора да биде и на демократски начин. Демократијата не подразбира анархично однесување, напротив демократијата подразбира однесување во рамките на законот. Апелирам до сите, пред сè до организаторите на овие собири, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ заради тоа што имаат испратено допис пред неколку дена како организатори на тие собири, секако тука се и други политички структури како Левица итн., здруженија на граѓани да направиме сè на мирен и достоинствен начин да поминуваат сите овие собири, рече Спасовски.

МВР, како што рече Спасовски, има податоци и информации како се подготвуваат одредени групации за менување стратегии, дека сите прибрани податоци се анализираат и се подготвува план за гарантирање на безбедноста и спокојство кај граѓаните.

39 броеви на пратеници од мнозинството во парламентот објавени на Твитер – Повици со закани и говор на омраза за да не гласаат за францускиот предлог

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе