Вести Македонија Топ вести

39 броеви на пратеници од мнозинството во парламентот објавени на Твитер – Повици со закани и говор на омраза за да не гласаат за францускиот предлог

Закани, пцости, говор на омраза. Не стивнуваат повиците и пораките на мобилените телефони на пратениците од владејачкото мнозинство откако нивните телефонски броеви осамнаа на социјалната мрежа „Твитер“. Зад објавата на „Твитер“ не стои име, но затоа е напишана прорака „Порачајте им да не го предаваат народот“, со која се сугерира дека треба да се ѕвони на нивните броеви и лично да им се изврши притисок да гласаат против заклучоци со кои и се отвори можност на Владата да го прифати „францускиот предлог“. Телефонските броеви од претходно им се допстани на граѓаните но сега се злоупотребуваат да политички поени, вели за Телма, кориданторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

„Но, ова е дел од црните сценарија на оние кои не и мислат добро на земјата и ова го користат единствено како гола борба за власт и спасување од криминал. Уверени сме дека граѓаните нема да подлегнат на шпекулациите и лагите, затоа што заклучоците што ќе ги предложиме и гласаме гарантираат продолжување на европскиот пат со безусловно почитување на Македонскиот јазик и безусловно почитување на  идентитетските, историските и културните особености на Македонскиот народ сега и секогаш во иднината,“ вели Митревски во писмената ијзва за Телма

Од скопското обвинителство, велат дека ги следат информациите и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело ќе се постапи согласно законските надлежности. Говорот на омраза, клеветата и навредата се зачестија откако владата го објави францускиот предлог за отворање на преговори на земјата со европската унија.

Спасовски: МВР ќе ги преземе сите мерки за безбедност на пратениците и Собранието

Социјалните мрежи и својот личен профил го искористи и поранешниот член на извршниот одбор на опозициската ВМРО- ДПМНЕ Богдан Илиевски кои упати пцости и навреди кон пратеници и политичари.

Терминот “предавници“ е често употребуван и на протестите кои денеска се одржуваат по 10 ти пат а синоќа беше истакнат транспарент со слика на пратениците на СДСМ и коалицијата.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Покажаа разбирање за барањето за имунитет – врховните судии наклонети кон конзервативците во случајот со Трамп

Дејан Дејан

Зголемени разлики, зачестени разговори – Блинкен на средба со Џинпинг во Кина

Дејан Дејан

Детето кое нападна ученици и наставничка да биде испишано – родители на деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ со петиција до МТСП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе