Спорт Фудбал

Димов: Спортски е да се надеваме на чудо

Во вториот настап во меѓународните клупски натпреварувања Академија Пандев има тешка задача да го мине првиот круг во квалификациите од Конференциската лига откако по првиот меч на гостувањето во Гдањск беше совладана од Лехија со 4:1.

“Ќе одиграме максимално утре, резултатот од првиот меч е нереален затоа што таму одигравме добар офанзивен фудбал со многу создадени но неискористени шанси. Сега ќе направиме се да одиме во следната рунда. Утре ако сакаме чудо, треба да не примиме гол, треба да бидеме 200% подготвени да го дадеме максимумот, тие казнуваат секоја грешка. Спортски е да се надеваме дека со брз гол, можеме до чудо”, истакна Диме Димов.

Натпреварот се игра на терените на тренинг центарот Петар Милошевски, а почетокот е закажан за 17 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе