Спорт Фудбал

Стојчев: Веруваме во успех за нас утре е голем ден

Фудбалерите на Академија Пандев утре во реванш дуелот против Лехија од Гдањск ќе се обидат да ја надополнат негативата од три гола по гостувањето во Полска и да се пласираат во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

“Жалиме за резултатот од првата средба, игравме добро, не искористивме шанси, без разлика каков е резултатот од првиот меч, веруваме во успех. За нас утре е голем фудбалски ден, веруваме дека можеме до следната рунда, Марко Ѓорѓиевски е повреден, и нема да игра, како и Бојан Димовски и Коста Манев кои се повредени. Влегуваме во мечот да победиме, тоа е нашата желба. Во Полска испуштивме многу шанси, утре не се откажуваме, веруваме во екипата, ќе одиграме офанзивно, екипата ќе направи се за успех, ќе одиме до крај. Европските натпревари се тешки за нас, се игра со висок ритам, ако утре одиграме како во Полска, во Скопје можеме да се надеваме на добар резултат. Утре Академија Пандев мора да одигра перфектен натпревар, без грешка, Лехија има одлични напаѓачи, како тим треба да одиграме, агресивно и силно, и секако тимски”, изјави тренерот на струмичани Ѓорѓе Стојчев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе