Спорт Фудбал

Дембеле на крајот останува во Барселона

Сагата околу продолжението на кариерата на Усман Дембеле најверојатно наскоро ќе заврши со продолжување на договорот со Барселона.

Францускиот репрезентативец во моментов има статус на слободен играч, но откако тој не успеа да најде клуб каде би ја продолжил кариерата се најавува дека Дембеле е пред конечен договор со клубот во кој мина пет години.

Според неофицијални информации Дембеле ја прифатил понудата за намалување на платата од 40 проценти во однос на последната сезона во дресот на Каталонците и наскоро се очекува да потврди дека Французинот на Камп Ноу ќе остане во следните две години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе