Откако не успеа да се пласира во завршниот круг од квалификациите за Светското првенство, кошаркарската репрезентација на Македонија од август оваа година ќе биде дел од претквалификациите за континенталниот шампионат во 2025-тата.
Во пресрет на жрепката што ќе се одржи за една недела во Минхен, Македонија го доби првиот од вкупно трите противници во групата.
Македонија за место во квалификациите за Европскиот шампионат ќе се соочи со Словачка и уште со два национални тима кои го минаа првиот круг, а тоа се селекциите на Австрија, Романија, Данска, Швајцарија и Кипар.
Квалификациите ќе се одржат во три циклуси. Првиот е во периодот од 22 до 29 август, вториот од седми до 15 ноември, а третиот од 20 до 28 февруари следната година.
ФОТО: Игор Паневски
