Македонскиот првак Шкупи во на стартот од настапот во квалификациите од Лигата на шампионите забележа убедлива победа во соочувањето со претставникот на Гибралтар, Линколн.
Триумфот од 3:0 ветува мирен реванш и настап во следната фаза од елитното натпреварување каде тимот од Чаир го чека дуел со Динамо Загреб.
“Честитки до играчите. Знаевме дека пред себе имаме добар противник, но моите играчи исполнија се што побарав од нив. Иако игравме со играч помалку успеавме да дадеме се од себе и можевме да постигнеме уште некој гол. Сепак, иако сме со една нога во следната рунда не очекуваат уште 90 минути во Гибралтар. Прв натпревар во Европа и затоа влеговме малку под стрес. Кога си фаворит знаеш дека противникот ќе се брани. Можеме подобро и грешките што ги правевме да ги санираме”, изјави шефот на стручниот штаб на Шкупи, Гоце Седлоски.
ФОТО: Игор Паневски
