По триумфот од 3:0 во првиот квалификациски дуел за пласман во Лигата на шампионите против првакот на Гибралтар, Линколн, фудбалерите на Шкупи се на чекор до настап во втората рунда и соочување со загрепски Динамо.
Чаирчани доминираа во текот на целиот меч и на крајот заслужено стигнаа до убедлива победа, а стрелци на головите беа Мамаду Данфа, Сандеј Адетунџи, додека во второто полувреме Вајсман ја погоди сопствената мрежа.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.











