Вести Економија

Владата го усвои Дополнетиот предлог-буџет за 2022 година

Во рамки на 58-мата редовна седница, Владата го усвои Дополнетиот предлог-буџет за 2022 година, по што ќе биде испратен во Собранието. Прес-службата информира дека Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот претставува нов интегрален текст во кој Владата ги вгради прифатените амандмани и потребните измени и дополнувања.

Според предлогот на ресорното Министерство за финансии, усвоени се измени кои се во насока на зголемување на средствата кај одредени буџетски корисници, со истовремено намалување на средствата од буџетскиот корисник – Министерство за финансии-функции на државата.

Истовремено, се врши реалокација на средства во рамките на одредени буџетски корисници, кои немаат дополнителен фискален ефект кај самите буџетски корисници на сметката на Основен буџет и се врши реалокација на средства во рамки на одредени буџетски корисници, кои немаат дополнителен фискален ефект кај самите буџетски корисници на сопствените сметки, информира владината прес-служба.

Дваесет и пет милиони денари дополнителни средства во здравството, животната средина, инфраструктурата се обезбедуваат со дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2022 година.

Прес-службата известува и дека владините претставници на седницата го разгледаа и пуштија во понатамошна процедура до Собранието и  Предлогот на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем во износ до 100 милиони евра за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост – Скопје, по скратена постапка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на заеднички настапи на нашите оркестри – рекоа од македонската, софиската и грчката филхармонија пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе