Фудбалерите на македонскиот првак Шкупи вечерва од 20 часот и 45 минути на арената Тодор Проески во првото квалификациско коло од Лигата на ќе го пречека освојувачот на титулата во Гибралтар, Линколн.
Чаирчани се фаворити во оваа соочување, но улогата треба да ја потврдат на теренот, а фудбалерите најавуваат победа која би обезбедила мирен реванш за една недела.
“Ќе биде привилегија да играме со Динамо, но одиме прво на Линколн и мислиме само на овој двомеч па после ќе мислиме на другите предизвици. Сакаме да го решиме мечот тука и ако имаме шанса ќе ја искористиме. Ќе дадеме се од себе на двата меча”, изјави голманот на Шкупи, Кристијан Наумовски.
ФОТО: Игор Паневски
