Економија

„КАМ“ ги зголемува платите и исплаќа регрес од 33.000 ден. за годишен одмор на своите вработени

Независно од комплексните економски услови „КАМ маркет“, доследно ја спроведува сопствената политика на постојано зголемување на платите и надоместоците на вработените.

-Ценејќи ја посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, „КАМ“ веќе во април реализира зголемување на платите на вработените во маркетите за 15%, а во логистиката и транспортот за 13%, соопштија од компанијата КАМ.

Со ова, само во првиот семестар од годината нето платите на вработените во маркетите просечно се зголемја за 4.000 денари.

Малопродажниот дисконтен синџир број 1 во земјава, „Кам маркет“, покрај планираното зголемување на платите, отпочна со исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) за секој вработен во висина од 33.000 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Tреба да се радуваме да имаме Дата центри“ – вели првиот регулатор Ристов во интервју за Телма

Дејан Дејан

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

Дејан Дејан

Првиот регулатор со предлог – банките, фондовите, фирмите да инвестираат во Чебрен, наместо да купуваат станови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе