Вести Економија Македонија

Синдикалното столче пред МИОА празно, Гостивар и Струмица потпишуваат нови договори со вработените

Синдикалното столче пред министерството за информатичко општество денеска остана празно откако министерот Адмирим Алити не се одзва на поканата на штрајкувачкиот одбор на ССМ. Синдикалците побараа од Алити кој беше дел од преговарачкиот тим на Владата да им ја достави новата методолгија доколку се стреми за вистински реформи во администрацијата а не купува време како неговите колеги во Владата.

А во моментот течат последните 48 часа од временската рамка за договор со ССМ и исполнување на ветеното, линеарното усогласување на платите односно зголемуваање од 2.806 денари за сите вработени во јавниот сектор. Шансите да се случи тоа се мали, па затоа од ССМ ги потсетија надлените во Вкадата дека зголемување на платите сепак ќе има, и тоас во септември, според колективниот договор во висина од 18.4 отст а тоа ќе биде далеку повеќе од 30те милиони евра колку што тежи во моментов синдикалното барање.

Генералниот штрајк дава резултати тврдат од ССМ. По Скопје, Тетово и Битола, утре ќе се потпишат нови договори со Општините Гостивар и Струмица и неколку јавни претпријатија во двата града, па над илјада работници во јулската плата ќе го добијат лиенарното зголемување

Во петок синдикалците ќе се постават пред Собранието и ќе го очекуваат исходот од седницатра на Комисијата за финансирање и буџет кој што веќе еднаш им го одби амандманот во кој се содржат нитните барања.

Од ССМ повторија дека е голема разочараноста од законските измени кои ги предложи министерството за економија а кои предвидуваат укинување на недела неработен во туристичките места.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на заеднички настапи на нашите оркестри – рекоа од македонската, софиската и грчката филхармонија пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе