Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден додаде пет кинески компании на црната листа за наводна поддршка за руската воена и одбранбена индустрија, демонстрирајќи одлучност да воведе санкции кон Москва поради нејзината инвазија на Украина, објави Ројтерс.
Министерството за трговија, кое ја контролира црната листа, соопшти дека компаниите доставувале стоки на руски субјекти пред инвазијата на 24 февруари, додавајќи дека тие „продолжуваат да склучуваат договори за набавка на руските субјекти на списокот“.
Агенцијата, исто така, додаде уште 31 субјект на црната листа на земји, вклучувајќи ги Русија, ОАЕ, Литванија, Пакистан, Сингапур, Обединетото Кралство, Узбекистан и Виетнам. Од вкупно 36 додадени компании, 25 се со седиште во Кина.
Заменик-министерот за трговија за индустрија и безбедност Алан Естевес во врска со ова рече дека оваа акција Вашингтон испраќа јасна порака до субјектите и поединците кои сакаат да ја поддржат Русија.
Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори на обвинувањата против компаниите, но рече дека Пекинг не обезбедил воена помош за Русија или Украина. Таа рече дека ќе преземе „неопходни мерки“ за заштита на правата на своите компании, велејќи дека санкциите го прекршуваат меѓународното право, објави Ројтерс.
