Вести Економија Македонија

Македонски железници наместо по закон и колективен договор исплаќа плати „извадени од ракав“

Пресметки за плата „извадени од ракав“ а не по закон и колективен договор, загубар со огромни долгови и закана за уште поголеми поради судски пресуди за отштета, намалени приходи во споредба со расходи. Се ова е содржано во ревизорскиот извештај за работата на Македонски железници во 2020 та година. според ревизорите плата била исплаќана без критериуми и граници во делот за работна успешност.

На вработените им се исплаќаат различни проценти кои се движат од 20 – 40% од основната плата. Ваквиот начин на утврдување и пресметка на делот од плата за работна успешност создава можност за субјективизам при пресметка на истите и не обезбедува уверување за реалноста на остварениот и пресметаниот квалитет при вршење на работата, што пак од друга страна влијае на трошоците на МЖ, ВЕЛАТ ОД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА.

Македонски железници со години се загубари, а сега ревизорите утврдиле дека од 2015 до 2020 приходите пагале, расходите растеле, па со тоа растела и загубата. Само во 2020 година загубата била 6 милиони евра, а акумулираната загуба од сите минати години 83 милиони евра. Но постои опасност овие загуби да се зголемат пишуваат ревизорите поради судските пресуди за отштета од железници кои можат да достигнат и до 2,5 милиони евра.

Судските постапки кои се во тек, а во кои тужена страна е МЖ Транспорт се на износ од 154.018.000 денари, ВЕЛАТ ОД ДЗР. 

Според ревизорите постои проблем и во начинот на изведување на јавните набавки во претпријатието, н оза сите овие прашања не добиле никакво мислење од раководството на железници.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е само почеток на заеднички настапи на нашите оркестри – рекоа од македонската, софиската и грчката филхармонија пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе