Кочанската фабрика за рециклирање на хартија „Пејпар мил“ втор ден не работи. Ова го констатирале и инспекторите за животна средина кои беа на увид, а откако пред две недели издадоа забрана во производството да се користи котелот на пелети и да се префрли на метан. Инспекторите при контралата констатирале.
„Правното лице при контролниот инспекциски надзор НЕ РАБОТЕШЕ, котелот кој користи пелети како енергенс е сопрен со функционирање на работење на 26.06.2022 во 00:00 часот, а по поднесеното Известување од 23.06.2022 год. до ДИЖС/МЖСПП очекува одговор за негово натамошното постапување од Управата за животна средина како стручен орган согласно Законот за животната средина.“ се вели во соопштение на ДИЖС.
Активистите велат дека фабриката мора да ги почитува стандардите и да не го загадува воздухот. Во меѓувреме поднесоа барање и за проширување на кривичната пријава, за која веќе втора година по ред чекаат одговор од кочанското обвинителство.
Активистите ја продолжуваат битката против сите загадувачи на Кочани и плодното кочанско поле.
Од раководството на „Пејпар мил“ предходно во писмено соопштение информираа дека работат согласно дозволата, но не им е прифатливо барањето да користат метан бидејќи ни Владата не го почитувала меморандумот за соработка дека годинава ќе има гас во Кочани. Активистите и понатаму бараат ревизија на А интегрираната дозвола за Пејпер Мил.
Викторија Димитрова
