Регулаторна го скрои тарифникот, со кој ќе се мери потрошувачката на струја. Остануваат четири блока, но она што се забележува е значително зголемување на границите на блоковите.
Линијата во првиот блок е до потрошени 210 киловат часови, границата во вториот пак е до 630 киловати, на третиот до 1050, а сите оние кои ќе потрошат над 1050 киловати часови ќе влезат во четвртиот блок.
Колку плус ќе треба да платат граѓаните ако имаат поголема потрошувачка на струја ќе се знае во среда кога се очекува да се донесе и новата цена на струјата.
Она што сега се знае е дека сите што ќе потрошат над 1050 киловати ќе плаќаат и до 6 пати повисоки сметки.
Односно ќе им се фактурира по пазаран цена.
И покрај новиот тарифник, броилата нема да треба да се менуваат.
Но, од РКЕ бараат од ЕВН навреме да ги чита односно на 30 дена.
Од ЕВН пак уверуваат дека имаат доволно капацитети и дека ќе се трудат секое броило да биде навреме прочитано.
Уверуваат дека ќе интервенираат секаде каде што ќе наидат на потешкотии и проблеми.
Новата цена на струјата се очекува да се знае за два дена, а да важи од први јули. До регулаторна сите енергетски компании поднесоа пресметки на трошоци и барања за зголемување на цената на нивните услуги и до 80 проценти.
Цената пак која ја понуди ЕСМ на Универзалниот снабдувач е за 17 отсто повисока од сегашната, однсоно изнесува 48 евра за мегават час.
Сите параметри покажуваат дека поскапување ќе има но за колку се уште не се открива.
Инаку, новиот тарифник за потрошувачка на струја се очекува домаќинствата да почнат рационално да ја трошат електричната енергија.
Ирена Чачкова
