Вести Економија Свет Топ вести

Осми ден жестоки протести во Еквадор поради цената на горивата

Илјадници домородни луѓе и членови на други незадоволни групи маршираа низ главниот град на Еквадор во понеделникот, осмиот ден од протестот поради цените на горивото.

Претседателот Гиљермо Ласо ја продолжи вонредната состојба во шест провинции и прогласи полициски час во Кито за да се запре демонстрациите со десетици повредени.

„Оваа одлука ја штити благосостојбата на граѓаните кои се соочуваат со насилство. Во исто време се штитат и правата на оние кои мирно протестираат“, соопшти Владата.

Пеш, на мотоцикли и во преполни камиони, домородните демонстранти маршираа кон центарот на главниот град Кито од Кутуглаг, област во јужниот дел на Кито.

Моќната Конфедерација на домородните Еквадорци (Конае), заслужна за соборувањето на тројцата претседатели меѓу 1997 и 2005 година, повика на протест бидејќи на Еквадорците им е сè потешко да врзат крај со крај.

Домородните луѓе сочинуваат повеќе од еден милион од 17,7 милиони жители на Еквадор, а на нивниот протест се приклучија и студенти, работници и сите кои ги чувствуваат економските последици.

„Повикавме на дијалог, но тие не сакаат мир“, рече Ласо во видеото објавено на Твитер во понеделникот.

„Тие бараат хаос. Сакаат да го соборат претседателот“, додаде тој.

Полицијата соопшти дека 63 полицајци биле ранети во судирите, а 21 од нив биле накратко држени како заложници од почетокот на протестите, додека групите за човекови права пријавиле 79 уапсени и 55 ранети цивили.

Еквадор, производител на нафта, е погоден од зголемената инфлација, невработеноста и сиромаштијата влошени од пандемијата на коронавирус.

Цените на горивото значително се зголемија од 2020 година, при што Конаи бараше намалување на цените на горивото на 1,5 долари за галон дизел и 2,10 долари за бензин.

Тие бараат и контрола на цената на храната и повторно преговарање за личните банкарски заеми на околу четири милиони семејства.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе