Вести Економија Македонија Топ вести

РКЕ ја одзеде лиценцата на БЕГ, владата да избере нова компанија за скопското парно

БЕГ остана без лиценцата, Владата сега треба да распише тендер за избор на нов вршител на дејност на местото на БЕГ за снабдување на скојани со топлинска енергија, ова го објави пред малку на прес конференција првиот човек на регулаторната комисија Марко Бислимовски, откако градот Скопје одби да го преземе управувањето со БЕГ.

Тој нагласи дека е потребно уште од сега да се бара алтернативно гориво за гасот, негова препорака е тоа да биде дизел, а не мазут бидејќи мазутарите во регионот се веќе затворени, а и тој реагенс повеќе загадува.

Во продолжение соопштението на РКЕ:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) на главна седница донесе Одлука со која престанува да важи Одлуката за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија од страна на регулиран производител.

Оваа одлука практично значи дека Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје повеќе нема лиценца за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија од страна на регулиран производител .

Денешната одлука следува по претходно одржана подготвителна седница во врска со барањето на БЕГ за престанок на лиценцата за вршење на енергетската дејност регулирано производство на топлинска енергија.

„ За денешната одлука согласно Законот за енергетика, ја известивме Владата која сега треба да спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство на топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветна лиценца.  Се до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана  да ја врши јавната дејност – производство на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата. Ова е една од трите лиценци што ги има БЕГ. Поднесени се барања за престанок и на лиценците за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што РКЕ ќе донесе соодветни одлуки. “ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Како клучни причини во барањето за престанок на важноста на лиценцата БЕГ ги наведува: кредитна неспособност, нарушена ликвидност, правна несигурност во работењето поради многубројни судски постапки иницирани против БЕГ, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија од правни лица и институции, како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе