Маркетите кои нечесно работат, вештачи креираат недостаток на производи или пак енормно ги зголемуваат цените и маржите ќе се соочат со затварање и забрана за вршење на дејност покрај далеку повисоката парична казна кој во моментов изнесува пет илјади евра. Ова го предвидуваат измените во Законот за зшатита на потрошувачите кои ги подготви министерството за економија а кои во вторник ќе бидат доставени до Владата и усвоени. Од економијта децидни дека измените се цлосно услогласени со европската регулатива.
„Отсега казните нема да бидат само парични. Има компании кои заработуваат и по 80 отсто на одредени производи и им се исплаќа да платат казна и да продолжат со истата нечесна практика. Сега веќе, со новото решение ќе се соочат и со друг тип на казни, ќе има затворање на компании, јавно ќе ги обравиме компаниите, а ќе има и забрана за вршење дејност“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.
Владата во вторникот донесе одлука Владата со која ги ограничи маржите на основните производи на 5 и 10 отсто, и во трговијата на мало и на големо. Ова е втор пат како државата носи мерки за превенција од поскапување. Претходните беа слични и важеа до 31 мај, но откако се укинаа, производите значително поскапеа, некои и за над 70 отсто.
„Се очекуваше дека цените кај трговците ќе останат на исто ниво. Што не се случи, за што донесовме одлука повторно да ги замрзнеме профитните маржи со цел дам ги заштитиме граѓаните. Не е етички да има маржа од 15 отсто за одредени производи во време на ваква криза. За мене е злоупотреба синџирите на маркети да имаат профит од 30 отсто во ваква криза“, рече Бектеши.
Пазараната инспекција е на терен и ги проверува маркетите и продавниците дали се придржуваат владините мерки за ограничена маржа а на барање на министерот Бектеши се проверуваат не само основите продукти туку повеќе производи.
Трговците на мало и големо ги намалија цените на основните продукти согласно одлуката на Владата за ограничување на маржите а намалувањето се движи од два до седум денари во зависност од продуктот.
Огнен Чанчаревиќ
